Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска е во Париз, Република Франција, каде присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“, на кој учествуваат повеќе од 400 излагачи на воена опрема.

МО

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски, во рамки на Меѓународниот саем во Париз, оствари средба со Елен Конвеј-Муре, потпретседателка на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили во францускиот Сенат.

На средбата биле разгледани можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка во одбраната, како и зајакнување на партнерските односи меѓу двете сојузнички земји.

МО

Министерот Мисајловски исто така оствари средба и со министерката за одбрана на Франција Катерине Ваутрин.

Ваквата посета е одлична можност за запознавање со најновите техничко-технолошки достигнувања на полето на одбраната, кои ќе бидат од особено значење имајќи ги предвид на следните чекори за модернизација на опремата за македонската Армија.

„EUROSATORY 2026“ во Париз, еден од најзначајните светски настани во областа на одбраната и безбедноста.

Во својата објава на сосијалната мрежа на Фејсбук, Мисајловски пишува дека посетата на саемот доаѓа во период кога државата ги подготвува следните чекори за модернизација на опремата на македонската Армија. Според него, настанот претставува одлична можност за запознавање со најновите техничко-технолошки достигнувања во одбранбената индустрија, кои ги презентираат повеќе од 400 компании и производители на воена опрема од целиот свет.

Ваквите меѓународни собири имаат особено значење за следење на современите трендови во одбраната, размена на искуства со партнери и сојузници, како и за согледување на новите можности за понатамошно јакнење и унапредување на одбранбените капацитети на државата, вели Мисајловски во објава на Фејсбук.

Присуството на македонската делегација на „EUROSATORY 2026“ е уште една потврда за заложбите за модерна, ефикасна и добро опремена Армија, во согласност со современите безбедносни предизвици и стандардите на НАТО.