Покрај владината делегација, свежо цвеќе положија и делегации на Сојузот на Борци од НОБ, Собранието, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Армијата на Република Македонија и Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов.

Оддавањето почит на борците против фашизмот за нивните дела кое израснаа врз рушевините и ужасите на Втората светска војна, е и за делата кои ја создадоа македонската државност паралелно со победата над фашизмот, соопштуваат од Владата.