Македонските фудбалери вчера заминаа во Букурешт каде во недела против селекцијата на Австрија ќе го одиграат првиот натпревар на Европското првенство 2020.

Пред заминување на македонските репрезентативци, на скопскиот аеродром ги испрати премиерот Зоран Заев.

По пристигнувањето на скопскиот аеродром и објавување на фотографиите од испраќањето на Заев, социјалните мрежи беа преплавени со низа негативни коментари.