До почетокот на 2028 година треба да се заокружи проектот „Градски воз“, што денеска беше официјално промовиран со симболично патување со воз на претставници на Владата и на железничките претпријатија на првата линија од Зелениково до новата железничка станица.


Проектирањето за другите две линии треба да заврши до октомври, до крајот на годината да почнат градежните активности, а до почетокот на 2028 да бидат во функција.

Проектот „Градски воз“ почна една година по промоцијата, а на линијата од Зелениково до Скопје и обратно се стигнува за неполни 25 минути. Има 25 километри реконструирана железничка мрежа, повеќе станици и постројки.
Возовите без никаков проблем гравитираат со брзина од 80 километри на час, а некаде и со 100 километри на час. Билетот во еден правец чини 40 денари, повратен 70 денари, а месечен 1.040 денари.


Во моментот се проектираат паралелно другите две линии, едната е од Волково преку Ѓорче Петров, Скопје Север, до железничката станица во Скопје, во должина од 18 километри. Втората е од Миладиновци Илинден, Маџари до железничката станица во Скопје во должина од 20 километри.





