Тропските циклони како што е ураганот Милтон, кој ги погоди Соединетите Американски Држави, се меѓу најразорните природни феномени. Тие главно се формираат во тропски региони каде што водите на океаните се многу топли.

По тамошните случувања и откако овој ураган влезе на Флорида, бурата стана бура од трета категорија и во наредните денови ќе ослабне до прва категорија.

Категориите на урагани се одредуваат според јачината на ветровите во моментот на движењето на циклонот и формирањето на струи. Во случајот на Флорида, циклонот донесе и обилни врнежи од дожд, проценети на 320-380 литри на метар квадратен.

Во јавноста се појави и прашањето дали вакви циклони може да се појават во Европа? Краткиот одговор на ова прашање е „не“. Циклоните на Стариот континент имаат поинаква генеза и обично не ги достигнуваат размерите и моќта на тропските.

Европските циклони се познати како екстратропски и можат да предизвикаат и поплави, но степенот на уништување е значително помал во споредба со тропските циклони.

(ВИДЕО) Ураганот Милтон коси сѐ пред себе: Уништени се куќи, има жртви, предизвикана сериозна штета

За жал овој циклон остави пустош, одзема неколку жртви, а скоро два милиони луѓе останаа без струја. Во продолжение може да погледнеме фотогалерија што остави ураганот зад него.