Франција ќе организира меѓународна хуманитарна конференција посветена на цивилното население во Појасот Газа, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извори.

Конференцијата треба да се одржи на 9 ноември, а ќе присуствуваат шефови на држави, влади и министри за надворешни работи, наведува агенцијата.

Теми на разговор ќе бидат испраќање итна помош, повторно воспоставување снабдување со вода, гориво и електрична енергија, како и помош на повредените во Појасот Газа преку евентуално користење на поморски коридори.

Соговорниците на агенцијата наведуваат дека на конференцијата ќе присуствуваат и претставници на палестинската управа, но Израел се уште не е поканет.