Со зголемувањето на акциите на ЛВМХ, францускиот милијардер денеска се врати на врвот на рангирањето како најбогат човек во светот. Со раст од 1,72 отсто, на 651,60 евра по акција, компанијата го надмина историскиот праг. Неговата капитализација сега изнесува 401,2 милијарди долари. Никогаш француска компанија не тежела толку силно на берзата. Рангирањето на Блумберг во реално време денеска го проценува богатството на Бернард Арно на 191 милијарда долари, наспроти 186,5 во понеделникот.
Франција има 40 милијардери на ранг-листата на Форбс, вклучувајќи го и Стефан Бансел, шефот на американската компанија Модерна (производител на истоимената анти-ковид вакцина), кој неодамна се приклучи на оваа листа.
– Кризите не прават посилни, рече Бернард Арно на крајот на април, коментирајќи ги добрите финансиски резултати на неговата група, најголемата пазарна капитализација во Европа.