Германската Влада планира да дозволи околу 70 руски дисиденти да живеат и работат во Германија без да бараат азил, информира денеска „Шпигел“.
Цитирајќи владини извори, „Шпигел“ пишува дека потегот ќе се однесува на новинарите и другите критичари на политиката на рускиот претседател Владимир Путин, кои побегнале во Германија користејќи 90-дневни Шенген визи за слободно патување во Европа.
Владата има за цел да им овозможи на медиумите и креативните луѓе „критични кон режимот“ да ја продолжат својата работа во Германија, објави Шпигел цитирајќи документ на работна група која ќе поднесе извештај до владата на редовна седница во среда.