-Фалсификувани сертификати за вакцинација се појавија во Германија. Десетици случаи се пријавени само во Баварија, соопшти канцеларијата.
Канцеларијата стравува дека бројот на вакви сертификати може да се зголеми со стапувањето на сила на придобивките за луѓето кои биле вакцинирани.
-Се очекува побарувачката за лажни сертификати за вакцинација да се зголеми врз основа на законските придобивки за вакцинираните лица, се вели во соопштението пренесено од агенцијата „Хина“.
Државното обвинителство во Минхен соопшти дека фалсификувани сертификати за вакцинација може да се добијат релативно лесно преку разни интернет платформи како што е Телеграм.
-Цените на сертификатите за вакцинација против коронавирус се движат од високи двоцифрени до ниски трицифрени износи, во евра, рече обвинителството.