Кина го истакнува своето право на речиси целото Јужно Кинеско Море, и покрај пресудата на меѓународниот суд дека Пекинг нема правна основа за такви тврдења, и изгради воени пунктови на вештачки острови во тие води богати со риби и гас.

– Фрегатата „Баерн” на германската морнарица го започна транзитот низ Јужното Кинеско Море на пат кон Сингапур, кој ќе трае неколку дена, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана во Берлин.

Тоа е првиот германски воен брод што влезе во Јужното Кинеско Море од 2002 година, преку чии води се транспортираат околу 40 отсто од надворешната трговија на Европската унија.