Историските прашања и теми коишто се наметнати од страна на Софија, се со идеја да се оспори прашањето на идентитетот и потеклото на јазикот. Ќе биде добро ако меѓу разговорите помеѓу Скопје и Софија дојде до фокусирање на разговорите на други теми за развој и соработка, истакна новинарот Бранко Героски, во вечерашното гостување во дебатната емисија „Само Вистина“.

„Да потсетиме дека поранешниот специјален претставник задолжен за спорот со Бугарија, Владо Бучковски имаше намера да ги менува учебниците. Во македонската јавност имаше и пробен балон од претходниот премиер Зоран Заев за постоењето на македонската нација од 1945-та година, но тој пробен балон не успеа поради големите реакции на македонската јавност“, рече Героски.

Тој додаде дека една од причините поради која туку така не може да се заврши спорот со Бугарија е поради тоа што самата Бугарија бара гаранции од Македонија за прашања коишто се потребни и двотретинско мнозинство во Собранието.

Героски посочи дека новиот пристап на оваа нова Влада за клучните политички прашања мора да се води сериозен внатрешен политички дијалог. Од страна на една Влада која има мало мнозинство од пратеници не може да решава за сите нас и за спор кој се однесува на толку суштински важни прашања во државата.

„Овие прашања и некој си иден договор во пакет, без засегање на клучните идентитетски прашања ќе биде подложен да се обезбеди широк политички консензус. Бидејќи Без политички консензус секој договор ќе биде со слабост во него и таа слабост најмногу ќе се почувствува токму во Софија“, заклучи Героски.