Сè уште е присутен чад на одредени места, но според проценките, во наредните денови состојбата целосно ќе биде санирана, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Радовиш, Љупче Почивалец.

-Денеска повторно ја посетивме депонијата во Радовиш, каде интензивно се работи на санирање по пожарот кој ја зафати. Во тек е потрупување со земја и песок со цел целосно задушување на жариштата и спречување на понатамошно ширење. Сè уште е присутен чад на одредени места, но според проценките, во наредните денови состојбата целосно ќе биде санирана. Надлежните служби остануваат на терен и продолжуваат со активности за целосно стабилизирање на депонијата, истакна тој.

На терен активно работи голем број градежна механизација – багери, кипери, камиони и друга опрема, со цел побрзо и поефикасно справување со последиците од пожарот и целосна санација на теренот.