Јавно го објавувам договорот помеѓу ИСТРАЖУВАЧКА РЕПОРТЕРСКА ЛАБАРАТОРИЈА-ИРЛ и националниот сервис МРТ во вредност од 150.000 евра + 18 % ДДВ. Читајте внимателно и чудете се. Посебно Вие другари кои работите продукција и медиуми и знаете што е продукциска вредност.
Пишува: Виктор ГРОЗДАНОВ
Јас сум шокиран дека ова некој го смислил.
Оваа колумна ја посветувам во духот на „Таков сум каков што сум“ од проф. др. Кочо Анѓушев кој беше жртва на ИСТРАЖУВАЧКА РЕПОРТЕРСКА ЛАБАРАТОРИЈА-ИРЛ, но и на сите медиумски работници и нивните медиумски куќи кои се жртви на сериозна измамничка идеја за некаков морал и етика во новинарството. Станува збор за договор помеѓу ИРЛ и МРТ. Договорот е направен со народни пари, од граѓаните.
Имам едно прашање до сите политички лидери без исклучок. Кога имате намера да прифатите дека медиумите не се дел од Вашите моментални расположенија? Тоа што Вие си мислите – а бе знаеш они не ме напаѓаат итн…, станува збор за класичен новинарски рекет. Имате намера да го разберете тој наратив? Вие немате право да се мешате бидејќи немате познавање што е тоа медиумска регулатива. А, медиумите пак немаат право да Ве обвинуваат без никакви докази.
За новинарите после оваа колумна со докази само некој нека ми се јави и да ми каже – знаеш сепак се новинари.
Јавно го повикувам Државниот јавен обвинител кој веднаш штом ќе го види овој документ без размислување да постапи согласно своите овластувања за злосторничко трошење на народни пари на основ на продукциска вредност.
Јавно барам од МРТ веднаш во името на сите медиуми, согласно законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, да ги објави сите копродукциски договори во периодот од 2012-2026 година, и тоа во рок од 48 часа. Со посебен предзнак на ИРЛ.
И кога сме кај истражувачкото новинарство многу ме интересира како другарите од ИРЛ и ЈП МРТВ ќе одговорат на оваа колумна со факти кои се доставени од „свиркачи“.
За граѓаните на Македонија, пак, другари медиумски работници Вие не сте светци и Вие исто како сите нив подлегнувате на сите правосудни органи. Поточно Вие другари медиумски работници не сте над законите на било која држава и дека сте недопирливи.
За другарите од ИРЛ оваа колумна е од личен карактер и е напишана со освета од мал инетезитет. Вие можеби не се сеќавате дека вујкото на моите две првородени деца го обвинивте дека е криминалец од прв ранг, за на крај да му падне обвинението. Немавте никакво чувство човечно да ја информирате јавноста за ослободителниот акт.
Е сега да ја информираме јавноста за Вашите дејанија.
Здружението на граѓани ИСТРАЖУВАЧКА РЕПОРТЕРСКА ЛАБАРАТОРИЈА-ИРЛ, со седиште на ул. Аминта Трети бр16/2 Скопје – Центар со ЕБС 7252820, ЕДБ 4032018536475 и жиро с-ка 30000004168320 во соодветна банка и Претседател Сашка Цветковска, склучила копродукциски договор за неверојатни 40 (четириесет) емисии од ТВ прокетот со наслов „Партнерство за квалитетни реформски процеси преку истражувачко и аналитично новинарство“- сезона 2 од кои:
- 4 (четири) документарни истражувачки филмови (60 минути, најверојатно по филм);
- 18 поткасти (60 минути);
- И 16 (шеснаесет) информативни репортажи (8 минути) кои што ќе бидат придружна програма на поткастите;
А, МРТ пак се сложува дека ќе ја емитува продуцираната содржина 40 (четириесет) емисии од ТВ проектот.
Како праеле математика со бројкиве за емисии навистина не ми е воопшто јасно. Математиката вели 38 по парче.
Ова е во член 1 од договорот. Продолжуваме понатаму со член 2.
Вака вели автентично: Во заедничката реализација на ТВ проектот со познатиот наслов МРТ учествува со финансиски средства во вкупен износ од 150.000 евра (со зборови: сто и педесет илјади евра) во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ утврден на денот на фактутирање + 18% ДДВ.
Исплатата се врши на 8 (осум) рати според следната динамика на плаќање.
Прва и сите следни рати се во износ од 18,750 (осумнаесет илјади седумстотини и педесет евра) во денарска противвредност + 18% ДДВ од која првата рата мора да се исплати најдоцна до 31.04.2024 година, а последната најдоцна до 31.12.2025 година.
И сега идеме до продукциската вредност на ИРЛ во член 5 (само делови)
Под број 1:
- Развој на синопсис
- Развој на концепт
- Развој на сценарио
- Достава до Програмскиот колегиум на Прв програмски сервис на МРТ
- Итн остали „срања“
- Подготовка и реализација на промотивна кампања (билборди, традиционални медиуми и социјални мрежи);
- Ексклузивитет на межународни истражувања во кои што ќе учествува јавниот сервис;
Под број 2:
- Наем на техничка опрема (камери, фото апарати светло и други финти демек тон, принтери опреми за снимања);
- Реализација на снимање;
- Снимање на програмска содржина (прилози, емисија)
Има многу „говнариии“ кои сами ќе си ги процените. Го пуштам договорот автентично.
За на крај во член 9 си напишале лепотаниве дека не смеат да откријат ниту една информација што се смета за доверлив податок итн. Ќе прочитате сите.
До „копуците“ односно до „рчпалите“од ИРЛ и МРТ да Ви објаснам што е копук. Гол сиромав и бездомник. А „рчпал“ е Самострук, припрост недоделкан човек.
Е тоа сте Вие.
Нека Ви е со среќа. Ама несоборливи се документите.
Јавно ја замолувам редкацијата на Нетпрес да ги објави сите страни од документот.





