– Кај нас досега има регистрирано еден случај на девојка којашто има 28 години и од вчера се наоѓа на болничко лекување со таков тромботичен ефект којшто се поврзува со примена една доза на вакцината АстраЗенека, рече министерот Филипче.

Тој додаде дека ќе има внимателност при употребата на оваа вакцина, особено по ограничувањето на нејзината употреба во Канада и во Германија.