Од денес, само гости што седат можат да бидат послужени на терасите во кафулињата, а кафулињата и рестораните ќе продолжат да работат само до полноќ, пренесува порталот Индекс.
Исто така, од денес, нема забрана за бројот на луѓе собрани за настани на кои учествуваат лица кои имаат дигитални сертификати на ЕУ.
Лицата кои биле вакцинирани, кои прележале ковид-19 или биле негативно тестирани, можат да учествуваат во настани без или со намалена усогласеност со посебните епидемиолошки мерки.
Организаторите на ваквите настани ќе имаат пристап до мобилна апликација преку која ќе можат да го читаат QR-кодот од дигиталниот сертификат на ЕУ.
Сепак, за вакви настани ќе биде потребна согласност од локалниот штаб за цивилна заштита.
За настани каде нема да се контролира дали лицата имаат свиден сертификат, останува ограничување од 100 лица, како и ограничување на времетраењето на настаните до 24 часот.
Нема да бидат дозволени саеми и слични настани, како и културни настани во затворени простории. На отворено, во овие случаи, потребни се маски.
Исто така, од денеска важат новите правила за влез во земјата.
„Примената на дигиталните ковид сертификати на ЕУ ќе стапи на сила на ниво на Европската унија од 1 јули. Нашата одлука е тесно поврзана со тоа, бидејќи сите граѓани на Европската унија кои имаат сертификат ќе можат да влезат во Република Хрватска без никакви ограничувања “, рече хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, додавајќи дека оние кои немаат ќе можат да влезат во земјата со потврда за вакцинација или негативен тест (брз антиген тест не постар од 48 часа или ПЦР тест не постар од 72 часа).