Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара на оваа седница да бидат ставени и интерпелациите за министерот за правда, Бојан Маричиќ и вицепремиерот за борба со корупцијата Љупчо Николовски за лошото рангирање на земјава во борбата против корупцијата.
– Деловникот пропишува на интерпелацијата на носител на јавна функција, дотичниот да има право, но не и обврска да одговори во рок од 15 дена. Во тие 15 дена двајцата дотични не одговориле на интерпелацијата и според деловникот бев должен на прва наредна седница да ги ставам точки на дневен ред. Беа поставени на 36 седница. Вие баравте да се тргнат тие две точки од таа седница, рече Џафери.
Мицевски реагираше дека тие не се повлечени и дека можело да се стават на дневен ред на оваа седница.