Во богатата кариера Симоина Франкел била заменик генерален конзул на Израел во Њу Јорк (САД), конзул на Израел во Марсеј (Франција), координатор за билатерални средби во Министерството за надворешни работи на Израел, како и амбасадор на Израел во Белгија и Луксембург.
Откако Русија изврши воена агресија над Украина, премиерот Нафтали Бенет е човекот кој се обидува да ги омекне двете страни за да дојде до прекин на огнот. Со амбасадорката Франкел разговаравме за овие активности но и за соработката помеѓу нашата земја и Израел. Таа порача дека владата е добредојдена за соработка во безбедносниот сектор, во кој токму Израел важи за еден од светските лидери.
Во прилог, целото интервју со Симона Франкел, амбасадор на Израел во Република С. Македонија, кое го водеше главниот уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев.
ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Може да се забележи дека Израел се обидува да најде мировно решение на војната во Украина. Премиерот Нафтали Бенет се сретна со Путин и телефонски разговараше со Зеленски. Зошто Израел толку многу се залага за мир во Украина? Зошто е толку важно за вашата земја…
амб. СИМОНА ФРАНКЕЛ: Мислам дека е важно за сите да дојде до мир помеѓу Украина и Русија. Израел има многу добри односи со Русија и со претседателот Путин, а во исто време и со Украина и со претседателот Зеленски. Двете страни го гледаат премиерот Бенет како сигурен (стабилен) медијатор. Па, двете страни сметаат дека е природно да го побараат него за да проба да помогне да се најде решение помеѓу Украина и Русија. Во исто време, многу е важно да се напомене дека тој ова не го прави сам, во целосна транспарентност е со канцеларот Шолц од Германија и со претседателот Макрон од Франција и со целосна координација со Соединетите Американски Држави кои ни се најблизок сојузник.
ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Во истиот момент можеме да видиме дека Белорусија и Турција се обидуваат да го направат истото што го прави и Израел, но по она што може да се види од извештаите Израел има најголеми резултати во медијаторскиот процес…
амб. СИМОНА ФРАНКЕЛ: Се уште не може да знаеме дали има резултати, но сигурна сум дека поради многу добрите односи со двете страни и затоа што тоа не го правиме сами туку заедно со Германија, Франција и во координација со Соединетите Американски Држави мислам дека Израел има најголеми шанси. Сепак, секој оној кој сака да донесе мир во овој регион е добредојден.
ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Дали навистина мислите дека во овој момент на војната постои шанса да се постигне било што? Многу често ваквите конфликти траат долго, особено кога станува збор за држави кои се соседи а во исто време државите се етнички мешани и постојат елементи на граѓанска војна. Зарем е можно да се најде решение на краток рок?
амб. СИМИНА ФРАНЈКЕЛ: Не знам што разговара премиерот Бенет со претседателот Путин или со претседателот Зеленски. Она што го мислам е дека треба да има мировен договор што е можно побрзо за да се спречи хуманитарната криза на украинските граѓани. Секој може да постигне нешто во процесот на преговори и секако постојат шанси за мир!
ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Ќе ве прашам директно. Путин вели дека во Украина постои нео-нацистишки режим и со војната таму Русија прави денацификација на Украина. Но, од друга страна господинот Зеленски е Евреин, значи дека не може да биде анти-семитист…
амб. СИМИНА ФРАНКЕЛ: Сметам дека секоја споредба со нацизмот е деградирање на холокаустот. Холокаустот е феномен кој се случи еднаш и не може да се повтори, се надеваме дека нема да се повтори. Мислам дека реферирањето кон нацизмот во политичките настани е деградирање на холокаустот и на жртвите на холокаустот, па не треба да ја правиме оваа споредба. Треба да ја избегнуваме.
ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Но исто така постојат екстремно десни групи во Украина…
амб. СИМОНА ФРАНКЕЛ: Екстремно десни групации постојат сегде, проблемот е на владите да се справат со нив за да нема анти-семитистички дејствија и дејствија кои ќе наштетат на никој од граѓаните. Независно во која земја.
ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Во “Times of Israel” прочитав брифинг за преговорите под медијација на премиерот Бенет. Позициите се сменети па Русија сега не сака демилитаризација на цела Украина туку само на регионот Донбас. Во исто време, Зеленски јавно кажа дека Украина се оладила за идејата да се приклучи кон НАТО и дека е подготвен да разговара за статусот на Крим и регионот Донбас. Дали сметате дека се ова е остварување на израелската дипломатија? Во исто време се гледа дека САД не се толку агресивни во реториката како што беа на почетокот од војната…
амб. СИМОНА ФРАНКЕЛ: Не знам. Само сметам дека се што може да биде направено и секоја напредок во позициите на Украина и Русија низ преговорите е позитивен знак, независно кој и да го постигнал ова. Ако овие нови позиции се поради залагањата на премиерот Бенет, нека биде, но секој напор што ќе доближи двете страни и ќе сопре огнот е добредојден.
ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Вие сте релативно нова на позицијата амбасадор во Република Северна Македонија, како гледате на дипломатските односи помеѓу нашата земја и Израел?
амб. СИМОНА ФРАНКЕЛ: Односите на Северна Македонија и Израел се многу пријателски. Пред скоро време во Израел имавме посета од вашиот министер за информатичко општество кој го посети Израел за „САЈБЕРТЕК“ конференцијата и имаше многу добри средби со нашите сајбер компании што е многу важно за нас, да имаме соработка помеѓу двете земји во различни полиња. Имав одлична средба со градоначалничката на Скопје, каде разговаравме за соработка во подрачјето на менацмет со води, енергија и др… Секоја соработка помеѓу двете земји е добредојдена, но и да се зајакне односот помеѓу двата народи.
ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Има Државјани на Израел, не во многу голема бројка но сепак постојат, кои дошле во Израел од овде. Не знам дали го знаете фактот, но во Собранието на Отоманската империја, првиот пратеник кој го покренал прашањето за создавање на Израел потекнува од Македонија. Станува збор за Димитар Влахов, кој подоцна претставуваше и еден од лидерите на анти-фашистичката борба во Македонија….
амб. СИМИНА ФРАНКЈЕЛ: Да, постои многу важна заедница на Евреи кои доаѓаат од Македонија во Израел. Односите помеѓу двете заедници, заедницата на македонски евреи во Израел и еврејската заедница во Македонија се многу важни. Милам дека двете заедници прават се што можат за да се зближат двете земји и да се зајакнат односите помеѓу нашите две земји.
ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Израел е лидер во безбедносните технологии. Има ли соработка во безбедносниот сектор помеѓу нашите земји?
амб. СИМОНА ФРАНКЕЛ: Не сум запознаена за безнедносните односи во овој момент. Но, кај мене се добредојдени доколку имаат желба од владата на Северна Македонија.
ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Каква е ситуацијата во Израел во моментов? Гледаме долг конфликт, но постојат и тензии со Сирија каде што е присутна Русија. Дали можеби Сирија е причината поради која Израел постапува на ваков начин со Русија?
амб. СИМОНА ФРАНКЕЛ: Погледнете, Русија е на нашата северна граница, нема дилема околу тоа. Во исто време постои голема заедница на израелци и евреи во Русија. Долги години Израел и Русија имаат многу добри односи, не само со Русија како земја туку и со претседателот Путин. Ова е причината поради која што сакаме да помогнеме за украинските граѓани кои страдаат во многу лоша хуманитарна состојба. Правиме се што можеме за да има примирје на огнот и ако можеме да ги искористиме добрите контакти со двете страни, зошто да не го направиме тоа?
ЉУПЧО ЗЛАТЕВ: Кога ги гледаме западните политичари и медиуми, гледаме дека владее огромна реторика против оваа војна која ја почна Русија. Постојат ли критики за Израел и вашата улога во ова?
амб. СИМОНА ФРАНКЕЛ: Не мислам дека има критики кон Израел. Мислам дека ние играме многу позитивна роља и не зошто да има критики. Фактот е дека Израел не зазема ниту една страна, но уште од првиот момент кажавме дека сме против руската инвазија во Украина и сметаме дека Украина има право на својот суверенитет. Токму, затоа мислам дека нема негативни критики кон Израел. Ние се обидуваме да направиме добра работа, ние се обидуваме да донесеме мир што е можно побрзо.