До 17 часот во вториот круг од локалните избори гласале 34,62% од избирачите, односно 350.261 граѓанин, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Одзивот е понизок во однос на првиот круг, кога до истиот термин беше околу 40%.
Највисока излезност е евидентирана во Конче (64,44%), потоа Росоман (63,58%), Дојан (62,96%), Лозово (62,78%), Демир Капија (62,71%) и Крушево (61,89%).
Најниска излезност има во Сарај (8,77%) и во Чаир (12,04%).
Денеска се избираат градоначалници во 32 општини и во Град Скопје. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани на 1.771 избирачки места.
