Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој беше прогласен за виновен во случајот „27 април“ и осуден на затворска казна од 6 години и три месеци пред Судот објасни како изгледа пред неговата зграда по бегството на Саш Мијалков.
Зборувајќи за барањето на обвинителството мерката куќен притвор да му се замени со ефективен притвор, Јанакиески рече дека пред зградата го чуваат 8 полициски службеници, а околу згрдата кружат по две службени возила. Секое возило што излегува, се претресува.
По бегството на Сашо Мијалков секој што влегува во мојата зграда се проверува. Сега е жешко и полицијаците седат во ходникот. Мислам дека е нечовечки да бидам носен во Шутка и назад. Три години ме шетате Шутка – дома, Шутка – дома. Ова е играње со човечки судбини. Згора треба да се спремам и за дригите случаи во кои сум обвинет, а престојот во Шутка го ограничува моето право на одбрана, рече Јанакиески.