-Зимската служба на општина Кавадарци во моментот е на терен со три возила, од кои едното е во градското подрачје и првично интервенира на покритичните улици (угорници), а подоцна и на сите други, информира градоначалникот Митко Јанчев.

-Возило е упатено на регионалниот пат Михајлово и кон Бошавијата, и истите вршат чистење на снежната покривка и посолување со ризла и сол, пишува Јанчев на Фејсбук.