Во март беше донесена одлука да биде забрането доаѓање на навивачи од странство, а поради сè потешката епидемиолошка состојба во Јапонија поврзана со коронавирусот, конечната одлука дали на Јапонците ќе им биде дозволен влез на олимписките борилишта е одложена за јуни, еден месец пред почетокот на Игрите.

– Нашата прва цел е Игрите да ги одржиме безбедно, како за спортистите, така и за целото јапонско население. Тоа значи дека Игрите би можеле да бидат одржани во целост без гледачи, доколку состојбата со пандемијата биде лоша, изјави Хашимото.

Како што вели, причина за ова е истражувањето на јавното мислење, според кое граѓаните се загрижени за состојбата.

– Анкетите покажуваат дека нашите сограѓани се загрижени и доколку состојбата не се подобри тогаш ќе донесеме одлука да нема гледачи, додаде првиот човек на Олимпискиот одбор.