Инвестираме во подземна инфраструктура, како никогаш до сега, истакнува градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

„Конечно, населба Македонка ќе биде дел од водонабдителниот систем во сопственост на ЈП Исар и локалната самоуправа.

Општина Штип од сопствени средства го финансира проектот за секундарната водоводна мрежа во должина од 1350 метри, а во вкупен износ од 2.900.000 денари.

Меѓутоа, овде нема да застанеме!

Оваа периферна населба, после 50 години ќе добие и асфалтирани улици, со што ќе го подобриме квалитетот на живот на граѓаните од овој дел од градот“ – истакна тој.