На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, 11 прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, осум за некористење сигурносен појас, три прекршоци што ги чинат пешаците и 45 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.