Македонската и европска ракометна легенда Кире Лазаров го одигра последниот натпревар во кариерата и за жал не успеа да освои трофеј, откако Нант загуби (31:36) од ПСЖ во финалето на Купот на Франција.

Сепак, тој вели дека е горд на се што постигнал во кариерата.

„ПСЖ одигра одличен натпревар и заслужено победи. Тие се квалитетен тим и имаа доволно време за подготовка додека ние се боревме за второто место во шампионатот. Горд сум на се што постигнав низ годините и чест ми е што играв во Нант и во Франција“, изјави Кире Лазаров по одигрувањето на последниот натпревар во кариерата.