Првично, во законот бил ставен предлогот: апликантите за македонско државјанство да познаваат еден од двата службени јазици, што веднаш било одбиено во преговорите од страна на власта како неуставен.

Потоа, како што откриваат од Алијанса на Албанците, предлогот е сменет во познавање на македонскиот јазик или пак, јазикот кој го зборуваат припадниците на заедица што сочинува над 20 отсто од граѓаните како што е дефинирано и во уставот.

Тоа, значи државјанство да се добива само со познавање на албански јазик.

За овој предлог, извори од албанската опозиција велат дека се уште нема одговор од власта, но неофицијално од таму велат дека непознавањето на македонскиот јазик било причина да се одбијат само 6 од 2700 апликанти за државјанство.

Официјално никој не сака да говори за новите проблеми во законот за државјанство. Новиот камен на сопнување ќе биде дел од разговорите меѓу владини претставници и претавници на албанската опозиција до крајот на неделава.

Постигнат е договор државјанството да не се добива по пат на тројца сведоци како што првично бараа Села и Гаши туку преку документи, како што е пример, свидетелство од македонско училиште.

Од целосниот договор за овој закон зависи и одблокирањето на парламентот. Имено Алијанса и Алтернатица преку стотици амандмани имаат заглавено над 20тина закони во Собрнаието. Од таму веќе најавија дека нема да ги повлечат амандманите се додека не се договори законот за државјанство.