Во здравствениот систем во последните две години биле инвестирани девет милијарди денари повеќе. Платите во јавниот здравствен сектор, според новиот министер за здравство Сашо Клековски, се зголемени за околу 16 проценти над стапката на инфлација.
Клековски, кој до денес ја извршуваше функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување, информираше дека буџетот на Фондот достигнал 55,9 милијарди денари. Од оваа сума, 4,82 милијарди денари биле издвоени за иновативни лекови за лекување онколошки и ретки болести.
„Позитивната листа по децении ја зголемивме трипати, успеавме да добиеме пониски цени преку конкуренција со генеричките лекови и покажавме дека со мали промени, со префрлање на лековите од болничка употреба во аптеките, можеме да им го олесниме животот на пациентите. Зборувам за онколошките пациенти, но и за онколошките клиники“, порача Клековски.
Како министер за здравство, тој најави дека меѓу главните приоритети ќе бидат изградбата на новиот Клинички центар во Скопје и развојот на регионалните болници.
„Можам да го повторам фокусот на Владата на регионализацијата. Штип, Тетово, Кичево и Клиничкиот центар остануваат меѓу приоритетите на Владата и секако ќе останат приоритет“, изјави Клековски.
Во однос на проектот за воведување „отпечаток од прст“ за евиденција на здравствените работници, Клековски рече дека ќе разговара со директорите за методологијат
