Контрадикторни изјави од Софија
Голема конфузија настана откако бугарската влада неколку пати го смени својот став околу наводното руско блокирање на ГПС сигналот на авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Премиерот Росен Желјасков прво изјави дека станува збор само за делумно прекинување на сигналот, а не за намерно мешање, што го потврди и вицепремиерот и министер за транспорт Гроздан Караџов.
Пресврт и нова официјална верзија
Неколку часа подоцна, Желјасков свика вонредна прес-конференција и повторно го врати наративот за можноста за електронско војување во контекст на Украина. Тој истакна дека, иако копнените инструменти не регистрирале проблеми, можно е пречките да биле откриени од уредите на самиот авион. Најави дополнителни проверки преку Управата за цивилно воздухопловство и авиокомпанијата што го управувала летот.
Сомнежи околу вистинските настани
„Фајненшл тајмс“ претходно објави дека авионот на Европската комисија кружел еден час над Пловдив и слетал со помош на хартиени мапи, што во Брисел веднаш се припиша на Русија. Сепак, податоците за следење на летот покажуваат дека доцнењето било само девет минути и дека ГПС сигналот не бил целосно изгубен. Европската комисија потврди дека останува загрижена, нагласувајќи дека мешање во сигналите е проблем кој редовно се појавува од почетокот на војната.
Извор: Макфакс