Министерот за транспорт Александар Николоски одржа работен состанок со општинскиот комитет на партијата во Неготино, нагласувајќи ја посветеноста на теренската работа и соработката со локалните структури. На средбата беше разговарано за реализацијата на планираните инфраструктурни активности и идните чекори.

Николоски истакна дека партиската структура на ВМРО-ДПМНЕ дејствува синхронизирано, одржувајќи континуиран контакт со граѓаните и членството со цел ефикасно спроведување на програмските определби.

„Во директна комуникација со членовите разговаравме за развојни проекти, нови политики кои ќе донесат уште поголем развој на државата“, рече Николоски.