Многу нешта кои што постојат и се случуваат во општина Центар се резултат на системски грешки немање на визија и соодветни планови во текот на една временска дистанца на 3о години. Оттука нашите основни приоритети ќе биде пред се јавниот интерес, а не интересот на поединци, бизнисмени или некои групи, вели Наташа Котлар на денешната дебата во емисијата Топ тема на ваша страна на ТВ Телма.

Котлар потенцираше дека се определува за стопирање на градењето во општина Центар особено на згради за домување, додавајќи дека општината е пренаселена.

Исто така строго се определуваме за стопирање на градењето во Центар, особено на градењето на згради за домување бидејќи сметаме дека општината е пренаселена и оттука ги извлековме и следните потребни нешта кои што треба да се направат, а тоа е во однос на преосмислување на улиците, пешачките зони, а исто така воведуваме богата културна програма и многу нешта кои што се потребни и за младите и за граѓаните на општина Центар. Во однос на Холидеј Ин колку што знам и Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет и го достави до Основното Јавно обвинителство бидејќи целата таа работа се одвиваше под плаштот на замачкување на очите на јавноста, наводно во оправдувањето на тие елаборати кои што беа се случи да се повикуваат на еден член кој што е 35 односно да е згрешена процедурата да одат по членот 23. Значи не може мораториумот да биде селективен„, истакна Котлар