На поранешните владини функционери од редовите на СДСМ, поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски веројатно јасно им е дека никогаш повторно нема да бидат на истите функции.
Откако не останаа на истите позиции како и досега во техничката влада Ковачевски и Спасовски аплицирале и добиле апанажа, односно на нивното конто да „легнуваат“ по 2.500 евра следните 12 месеци.
Собраниската Комисија за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на Ковачевски и на Спасовски.
Покачената плата од 78% на нивните сметки
Ни помалку, ни повеќе покачената плата ќе биде за 78 отсто. Со контроверзната одлука одлука на Уставниот суд кој одлучуваше по платите на фукционерите со кои им се зголемија за вртоглави 78%, овие поранешни двајца носители на функции ќе земаат 156.482 денари – Ковачевски, додека Оливер Спасовски ќе зема 153.037 денари, односно плати кои ги земале додека ја извршувале функцијата.
Ковачевски побарал и службено возило
И тоа не е сѐ. Веројатно овој слоган звучи како маркетинг реклама, но на барањата на Коавчевски нема крај. Освен правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило. Ова на поранешниот премиер му следува во согласност со Законот за возила.
Ни Зоран Заев не го искористи правото на апанажа
И покрај сите негативности и маани кои ги наоѓавме за Зоран Заев, сепак тој не го искористи ова право.
Уште двајца функционери ќе го користат ова право
На листата не се само овие двајца поранешни функционери се и Весна Бендевска и Исмаљ Камбери од Комисијата за заштита од дискриминација.