Вчерашниот митинг во Охрид покажа дека народот е подготвен и обединет за промени. А ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство, изјави денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3.
-ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обедини сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, и сите граѓани на Република Македонија.
Ќе ја собориме оваа ненародна и криминална власт на ДУИ и на СДС.
Почитувани граѓани,
Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка.
Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани.
Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитовната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите, изјави Ковачки.