Вели дека се зголемува бројот на новозаразени и дека болничките капацитети веќе се пополнуваат.
– Со брзи тестови денеска позитивен резултат е добиен кај 34 лица, што е навистина висока бројка за нашето подрачје. Веруваме дека инциденцата е многу повисока ако се има предвид дека добар дел од оние кои ги чувствуваат познатите симптоми, се тестираат дома со брзи тестови, кои ги купуваат во аптеките и доколку немаат поголеми потешкотии, не се јавуваат во болница, вели Алили.
Моментно, има 18 хоспитализирани пациенти и сите се на кислородна поддршка. Во просек дневно по најмалку 20 пациенти се лекуваат амбулантски, а за преглед се јавуваат двојно повеќе.
– Повеќе не апелирам, туку ги замолувам граѓаните строго да ги почитуваат мерките за заштита и што помасовен одѕив за имунизација, истакнува Алили.
Според него, во модуларната болница непречено се одвива процесот на вакцинација, каде само во изминатите два дена се аплицирани околу 750 вакцини.
Во овој регион регистрирани се осум смртни случаи овој месец, а вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата е 60-тина лица.