Со предвидената мерка ќе им се овозможи на лицата кои нивните месечни приходи во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000,00 денари, да искористат годишен одмор во туристичките центри на Република Македонија, и во исто време да им се помогне на туристичките центри за зголемување на обемот на работа надвор од туристичката сезона.
Владата ја усвои Информацијата за спроведениот Јавен повик за финансиска поддршка на Лиценцирани туристички агенции и донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Македонија за 2021 година како дел од пакетите за справување со последиците од КОВИД-19.
Со оваа одлука се одобруваат средства во вкупен износ од 50.880.000,00 денари на 258 лиценцирани туристички агенции.
Владата донесе Одлука за финансиска поддршка на ноќни клубови, со која се одобруваат средства во вкупен износ од 8.324.480,00 денари на 17 ноќни клубови од програмите за поддршка на компаниите за справување со последиците од КОВИД-19.
Од програмите за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19, Владата ја донесе и одлуката за финансиска поддршка на рестораните за свадби, за кои за вкупно 107 правни субјекти се одобруваат средства во вкупен износ од 51.650.798,00 денари.
Владата на Република Македонија ја усвои Информацијата на Агенцијата за вработување за неискористени финансиски средства во Посебниот фонд за финансирање на мерки за вработување на евидентирани невработени лица, и донесе одлука износот од 100.000.000 денари од неискористените средства да се користат за мерката субвенционирање на плати заради значителниот интерес од страна на невработените лица и работодавачите.
Со обезбедување на дополнителен износ ќе се обезбеди субвенционирање на плата за дополнителни 438 невработени лица, со што бројот на лицата опфатени со оваа мерка ќе изнесува 1.304 лица.