-Не, неговата изјава не беше координирана со нас. Станува збор за нашиот сојузник, Белорусија е суверена држава, изјави Песков и додаде дека Русија ќе остане сигурен снабдувач на енергија на Европа, без оглед на акциите на Белорусија.

-Русија отсекогаш била и потенцијално ќе остане земја која гарантира енергетска стабилност на европскиот континент. Без разлика на акцијата на белоруската страна, Москва сигурно ќе и гарантира на Европа енергетска безбедност, додаде портпаролот на Кремљ.