Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека договорот за формирање Заедница на српски општини не може да има приоритет меѓу 33 договори потпишани во рамки на бриселскиот преговарачки процес.

Премиерот на Косово истакна дека има инсистирање од разни меѓународните фактори ЗСО „повеќе да се истакне“ така како што е потпишана во 2013 година, а потоа и разработена во 2015 година. Тој истакна дека договорот за ЗСО е единствениот од 33 потпишани договори кој не го поминал уставниот суд.

„Од една страна постојат 33 бриселски договори од минатата деценија и не постои ниеден договор кои има приоритет над останатите. Не постои хиерархија на тие договори. Тие 33 договори се лоцирани во хоризонтална рамнина. Ја почитувам доверливоста на разговорите, но истакнувам дека ниеден од тие 33 договори не може да има хиерархиски приоритет и членовите на предлозите на ЕУ да имаат броеви, што значи да имаат ранг. И не треба да заборавиме дека во центарот на договорот треба да биде заемното признавање, бидејќи само така ќе биде постигната целосна нормализација на односите на Косово и Србија“, оцени Курти.