Денес го поставувам прашањето зошто владата, зошто министерот за транспорт и врски го прават ова односно сакаат овие измени да ги протуркаат буквално на сила, зошто велам насила, затоа што законот е пуштен по скратена постапка без да биде вклучена јавноста, ова денеска од собраниската говорница го истакна Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас сакам да ве потсетам, односно ќе се вратам само за година и три месеци наназад, кога се донесе комплетно ново законско решение, односно нов закон за урбанистичко планирање и ова го правам бидејќи бев дел од работната група која што работеше на овој предлог закон. На законот работевме буквално осум месеци и во собранието се одржа јавна расправа на која учествуваа голем број на стручни лица, на таа јавна расправа имаше огромен број на забелешки и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ овие забелешки ги преточи во амандмани, а амандмани имаа и ДОМ и други пратеници од тогашниот пратенички состав. Ова беше првиот закон кој заедно го работеа опозицијата и власта, ќе речам заедно го работеа, затоа што на таа работна група беше сменет можеби повеќе од три третини од текстот кои претходно беше испратен од страна на Министерството за транспорт и врски и начинот на работа, а и донесувањето на законот ќе потсетам дека тогаш беше поздравен од сите меѓународни институции кои што соработуваат со собранието и во оваа прилика сакам да ги повикам повторно да се склучат и да го следат донесувањето, односно начинот на изгласување на новиот закон за урбанистичко планирање, потенцира Лашкоска.

Таа додава дека тие треба да ги следат не само овој закон, туку речиси сите закони кои пристигнуваат во собранието.

Инаку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска аргументирано го тргна од дневен ред законот за урбанистичко планирање.

Овој закон власта се обиде да го протне во Собранието по скратена постапка без консултации со стручната јавност и граѓаните.