Со три порази во групниот сегмент и слично како во Дебрецен минатата зима на Европскиот шампионат, македонската репрезентација ја заврши групната фаза на едно големо натпреварување. По поразот од Аргентина, „жолто-црвените“ ги чека фрустрирачки Президент Куп и борба за пласман од 24. до 32. место во Плок.
Поразот од Аргентинците тешко им падна на сите македонски ракометари, а веројатно најтешко му е на селекторот Кирил Лазаров.
„Честитки за заслужената победа на Аргентина вечерва. Можеби ова е нашата реалност. Пред почетокот на турнирот бевме рангирани на последното место во групата и во овој момент Аргентина е подобра од нас. Видовме вечерва дека оваа Македонија со осум дебитанти мора многу да работи да создаде нова генерација која ќе ја наследи претходната. Не очекував победи против Норвешка, Холандија и Аргентија, туку верував во порази од 3,4,5,6 разлика, не вака со двоцифрена разлика.
Не сум задоволен, мора многу да работиме ако сакаме да креираме нова генерација“, кажа Лазаров.
Македонија никогаш не завршија Светско првенство без победа во групната фаза. Проклетсвото на Краков продолжува, бидејќи и по девет натпревари во овој град немаме победа на големи натпреварувања.