Обвинувања за Љупчо Коцевски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, ја обвини Владата и јавниот обвинител Љупчо Коцевски дека осум месеци не презел ништо за процесирање на случаи поврзани со висока корупција.

„Владата му овозможи осум месеци без политички притисок, но наместо да работи, Коцевски го преспа овој период“, изјави Петрушевски.

Според Петрушевски, обвинителот не само што не покренал истраги, туку и ги забошотил случаите кои биле подготвени за процесуирање.

Коцевски не реагираше на случаи кои беа во фокусот на јавноста. Наместо да спроведува закон, тој се стави во функција на соработник на СДС“, изјави Петрушевски.

Транспаренси Интернешнл потврдува неефикасност

Петрушевски нагласи дека извештајот на Транспаренси Интернешнл е доказ за пасивноста на обвинителот

„Смената на Коцевски е неизбежна, особено по извештајот на Транспаренси, кој јасно покажува дека тој е еден од главните одговорни. Одговорност мора да има“, изјави Петрушевски.

Ќе следи ли институционална реакција? Коцевски досега не се огласил по овие обвинувања. ВМРО-ДПМНЕ бара негово разрешување.

Извор: TV21