Брзата помош и полицијата интервенирале во домот на славната двојка. Според странските медиуми, актерот не се чувствувал добро и се однесувал чудно, поради што му била укажана лекарска помош.
– Луѓето внатре во куќата беа загрижени за здравјето на Мајкл, бидејќи тој се однесуваше невообичаено и мислеа дека му треба лекарска помош, изјави неименуван инсајдер.
Даглас наводно имал ментални нарушувања и се претпоставува дека се поврзани со брачните проблеми, кои дополнително биле негативно погодени од карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирус.
Да потсетиме, актерот се бореше со рак на грлото и се шпекулираше дека повторно има проблеми со консумирање алкохол. Дали ова е причина за несогласувања во бракот, или е тоа нивна последица, останува неизвесно.