Долгогодишната незаинтересираност за инвестиции во енергетски капацитети и се удри од глава на власта во време на криза, а најдебелиот крај ќе го извлечат граѓаните и стопанството преку високите сметки за струја, објави телевизија Алфа.
Термоелектрани постари од 40 години, големи хидроцентрали постари од половина век, како и неколку понови хидроцентрали и 8 години стар ветерен парк – ова отприлика се енергетските ресурси со кои располага земјава. Ниту со огромни соларни електрани во сончевата Македонија, ниту со неколку гасни централи може да се пофали земјава. Производството на ЕСМ е преполовено во изминатава деценија. Честите дефекти, малиот ископ и слабиот квалитет на јагленот се само некои од причините. Затоа, Македонија и убедливо е најзависна од увоз на струја, бидејќи не може да произведе, па купува од странство дури третина од она што го троши.
Македонската влада последниве неколку недели е во мисија час поскоро да набави евтина струја за индустријата. Експертите негодуваат бидејќи сметаат дека ваквиот потег доаѓа задоцнето, откако сите други држави кои зависат од увоз си резервираа навреме количини по пониски цени од пазарните.
Целиот текст овде.