Претседателот на ОМД, Мето Колоски, додаде дека кај Албанците, пописот се претставува како операција од која зависат уставните права на нивната етничка заедница. Тој исто така, ги повика Македонците во Македонија и низ светот да не го бојкотираат пописот.
– Иако бројката на дијаспората нема да влезе во бројот на жители на Македонија, пописот на иселениците засилено се политизира, особено од страна на политичари и дипломати Албанци и се претставува како важна статистичка операција од која зависат уставните права на нивната етничка заедница. Организациите и друштвата на Македонците во дијаспората во последните денови позасилено се вклучија во повикувањето на иселениците да учествуваат во пописот. Обединетата македонска дијаспора ги повикува и Македонците во Македонија да не го бојкотираат пописот, напиша Мето Колоски од ОМД на Фејсбук.
Иако бројката на дијаспората нема да влезе во бројот на жители на Македонија, пописот на иселениците засилено се…
Posted by Meto Koloski – Мето Колоски on Monday, March 22, 2021