Загрепската полиција уапсила маж кој во петокот попладне се заканувал дека ќе активира експлозивна направа во населбата Утрине, во близина на основно училиште.

Полицијата ја добила пријавата во 16:10 часот за лице со експлозивна направа на улицата Шишиќева, по што на местото биле испратени повеќе полициски екипи, меѓу кои и специјализирани службеници.

Според неофицијалните информации, полицајците му се приближиле на мажот додека се движел по улицата, по што тој ја извадил направата и се заканил дека ќе ја детонира.

Поради опасноста, бил воспоставен поширок безбедносен периметар, а сообраќајот на улицата Шишиќева привремено бил запрен.

Мажот набрзо бил совладан и уапсен. Засега нема информации дали направата била функционална и што било мотивот за заканата.