-Апсулутно ние даваме подршка од првиот ден, затоа што ова кое они го нарекуваат реформа е катастрофа во образованието или цунами во образованието. Оваа дигитализација која што се споменува јавно и низ медиумите, практично претставува се само не дигитализација во образованието, затоа што за да вие подготвите дигитализација, потребно е да имате определена интеракција со компјутерот. Не можете вие да претворите еден ворд документ во пдф документ со едноставно користење на глувчето, корисникот практично да ги чита содржините кои што претходно ги читал на хартија да ги чита на екранот, и тоа да го правдате како дигитализација. Зошто ова го зборувам? Затоа што дигитализацијата претставува мултимедиална интеракција, рече Мицкоски
Тој додаде:
-Јас ви гарантирам дека денеска Бил Гејтс да го повикате со најдобрите десет инженери од Мајкрософт и да ги донесете во Македонија и да им дадете проектна задача и да им речете, имате на располагање месеците јуни, јули и август, изгответе ги интерактивните мултимедиални учебници кои што ќе треба да ги изучуваат учениците во 4-то одделение, нема да успеат а не пак Мила Царовска која што поима нема од ова што го зборува на телевизија, ниту пак има врска со образованието.
Мицкоски посочи дека тука не се работи за дигитализација на образованието, туку сето ова се прави за пари и за полнење на џебовите.
-Нека кажат, каква дигитализација какви бакрачи, до пари е, до полнење на џебовите, тоа е суштината. Сакаат повторно пљачка како и во се друго да прават. Еве јас најодговорно ви тврдам и како инженер и како професор, дека тоа што го предлага Мила Царовска нема никаква врска со дигитализација во образованието, станува збор за пари и полнење џебови, ништо повеќе, потенцираше Мицкоски.