На средбата присуствуваа и потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајлоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата Мицкоски го запознал Рот со политичката ситуација во земјата, но и недемократскиот однос на власта.
Мицкоски се заблагодари за поддршката која ја добиваме од СР Германија во евроинтеграциските процеси, при што нагласи дека ваквата соработка треба да се развива уште повеќе во иднина, стои во писменото соопштение.
Во однос на претстојниот самит на ЕУ, Мицкоски кажа дека Македонија заслужува да добие датум за отпочнување на преговори.