Тој истакна дека таткото на спорот со Бугарија е премиерот Заев кој тоа право го дал со договорт за добрососедство, кој според Мицкоски станал камен на сопнување и ја отвори пандорината кутија.
– Заев вели дека португалскиот предлог бил во игра, а тој предлог Софија веднаш го отфрли. Бугарската влада вели дека бугарската декларација е нивната појдовна основа, а таа содржи квалификации какви Заев ги кажа во интервјуто на БГНЕС, дека имало тука администрација, а не окупатори, дека јазикот во Струмица и Петрич бил ист, дека хероите биле заеднички, а не споделени. Е, секој следен нов предлог ќе биде полош од претходниот, и тоа по заслуга на Заев, рече Мицкоски.
Посочи дека на Заев не може да му се верува бидејќи се колнел во најмилото додека го менувал уставот. Бидејќи на народот му велеше „бидете спокојни, уставот нема да се менува“. Бидејќи дека додека дишел, државата ќе се викала Македонија.
-Затоа, овој пат народот излегува на улиците и покажува што може и што ќе биде доколку Заев ги помине црвените линии. А црвените линии се нашите македонски идентитет, историја и јазик. Не смееме да дозволиме уште едно национално предавство на Заев, порача Мицкоски.