Во фокус на разговорите се очекува да бидат севкупните билатерални политички и економско-трговски односи, како и за европската интеграција на Република Македонија, со акцент на претстојниот декемвриски Самит на Европската унија.

Во рамки на официјалната посета во Македонија, покрај средбата со Османи, Линхарт ќе се сретне и со политичкиот државен врв, меѓу кои со Претседателот, Стево Пендаровски, Премиерот, Зоран Заев и првиот заменик премиер, Артан Груби.

Освен политичката делегација, Линхарт ќе биде придружен и од страна на австриска економска, односно бизнис делегација, при што исто така ќе оствари средби и со економските ресори на Владата.

Дополнително е планирано оддржување на бизнис настан со цел унапредување на трговската размена и искористување на инвестициските можности.