Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерката Комитова нареди инспекција на делницата меѓу Драгичево и Горна Дикања откако беа констатирани проблеми во патната инфраструктура, кои можеле да придонесат за фаталната несреќа.

Обележувањето на патот кое не е завршено, како и со заштитните огради кои не се заменети според новите барања, се дел од регистрираните проблеми, како и поголемата дозволена брзина што не одговара на условите на патот.