Стојанчо Радичевски е кандидатот кој треба да го продолжи започнатото во Општина Брвеница и да ја задржи општината обединета околу прашањата што се важни за нејзините жители. Ова го порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во објава на социјалните мрежи посветена на кандидатурата на Радичевски за градоначалник.

Мицкоски оцени дека пред Брвеница стои сериозна обврска – започнатите активности да продолжат, а вниманието да остане насочено кон секојдневните проблеми и потреби на граѓаните.

Според него, токму од таа одговорност произлегла одлуката Стојанчо Радичевски да ја преземе кандидатурата за градоначалник на општината.

„Стојанчо или Цоки, како што многумина го знаат, е човек што е постојано присутен овде. Ги познава луѓето и секојдневието на Брвеница“, напиша Мицкоски.

Тој нагласи дека функцијата градоначалник бара постојана работа меѓу граѓаните, непосредна комуникација со нив и добро познавање на нивните потреби.

Мицкоски упати и порака кампањата за локалните избори да се води во коректна атмосфера, без меѓусебни навреди и создавање поделби меѓу жителите.

„Оваа кампања сакам да биде без навреди, без поделби, да биде чесна трка во која зборуваме за нашата општина и нејзината иднина“, порача Мицкоски.