Иле Гоцевски – симбол на пожртвуваност, скромност и тивка храброст

Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош од Кочани, кој трагично го загуби животот откако цела ноќ ги спасувал повредените од трагедијата во дискотеката „Пулс“, доби државно признание за својата хуманост и несебична посветеност. Премиерот Христијан Мицкоски денес лично ја посети неговата сопруга и семејството, изразувајќи сочувство и благодарност.

Во изјава споделена преку социјалните мрежи, Мицкоски изрази сочувство и благодарност за хуманоста и пожртвуваноста на Иле, истакнувајќи дека неговата постапка останува како траен пример.

„Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме. Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните. Вечна ти слава, Иле,“ напиша Мицкоски на својот профил.

Премиерот се осврна и на симболиката на делото на Иле Гоцевски, нарекувајќи го пример за храброст и човечност во исклучително тешки моменти.

Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои!

Иле, возачот на Брзата помош во Кочани, дејствувал цела ноќ за да обезбеди помош на повредените, остави траен печат со својот ангажман. Владата, преку личната посета на премиерот, оддаде признание за неговото дело, нарекувајќи го симбол на хуманост.