Премиерот Христијан Мицкоски ќе положи свежо цвеќе на неколку локации во Скопје по повод чествувањето на големиот празник 2 Август – Ден на Републиката – Илинден, соопштија од владиниот кабинет.

Во 10 часот, ќе се полoжи свежо цвеќе на споменикот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, во 10:20 часот, пред споменикот на АСНОМ (парк Жена Борец) и во 10:40 часот, ќе се полoжи свежо цвеќе на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто (плоштад Македонија).

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати од Крушево по повод празникот Илинден.